Да му посакаме “добре дојде“ на tutoriali.com.mk
www.tutoriali.com.mk е сајт чијашто главна цел е пишување, собирање и подредување на туториали коишто се однесуваат на ИТ сферата и коишто се на македонски јазик. Овде исто така може да се најдат и интересни линкови до некои сајтови, кои, доколку сте ИТ професионалец или просто ентузијаст, ќе Ви бидат доста од корист.
Иако сајтов веќе работи нешто повеќе од еден месец, ова е сепак нашиот прв пост на блогот. До сега бевме малце преокупирани со содржината на сајтот, прегледувањето на постовите и нивното тестирање, како и средување на дизајнот и некои технички проблеми, на што се должи оваквото доцнење. Исто така, важно е да се напомене дека сеуште е во beta верзија, што значи тој сеуште подлежи на дополнување и менување, со цел да го подобриме неговиот квалитет.
Идејата ја добивме од многубројните слични светски портали, но приметивме дека не постои некаков македонски портал (или барем ние не сме сретнале), кој сконцентрирано би се занимавал со оваа тематика. Се‘ што имаме од туториалите на македонски јазик се од некои македонски форуми, но тие не се средени и систематизирани, со што се отежнува достапот на самите корисници до нешто конкретно што нив би ги интересирало.
Што е целта на сајтот?
Примарната цел на сајтот е развојот на ИТ културата во Македонија. На овој начин, сите ИТ корисници би научиле нешто ново, коешто ќе биде на нивен јазик и би било поразбирливо за нив, особено за оние коишто не го владеат баш најдобро англискиот јазик. Темите се солидно филтрирани, така што достапот до некаква статија од конкретна насока може многу лесно да се најде. Исто така, дизајнот е едноставен и е лесен за навигација по него.
Сајтов е направен со идеја и самите корисници да ја збогатуваат неговата содржина. Веќе имаме неколку членови кои доста придонесоа за збогатувањето на базата со туториали. Сите корисници се сајтот, зашто тој постои за нив, и се збогатува од нив.
Има една кинеска поговорка која вели: „Не му фаќај на друг човек риба, а научи го да ја лови“. Токму тоа сакаме да го постигнеме, зашто чувството да подариш знаење некому е бесценето и свето. Сите туториали овде се апсолутно бесплатни, и се што се наоѓа на сајтов заедно со линковите до темплејти, софтвер, статиите од блогот и тн. се слободни и бесплатни за користење за било какви цели.
Што се нашите очекувања од сајтот?
Нашите очекувања од овој проект се дека ќе допридонесеме до развојот на ИТ културата во Македонија, и дека секој кој што барем еднаш минал низ сајтов ќе научи барем нешто ново и корисно, а можеби и да најде некој линк, статија, темплејт, галерија или било што, што би му дало инспирација да направи нешто свое, или пак слободно да го искористи истото. Се надеваме дека нашата листа на членови, која сега за сега е доста скромна, ќе нарасне многу, паралелно и со администраторскиот тим и дека нашата база од туториали ќе расте секојдневно и брзо.
Како и да е, патот си го зададовме, и сега ни преостанува само да одиме по него. Се надеваме дека ќе најдеме многу сопатници за да се приближуваме се повеќе и повеќе до правењето на една огромна база од туториали на македонски јазик и ќе се научиме да ловиме некој вид на риби, како што викаат кинезите.
За крај...
За крај и немаме баш многу што да кажеме. Ви посакуваме пријатен престој овде, изразувајќи искрена надеж дека ќе Ви бидеме од корист на било кој начин, а исто така и надеж дека ќе наидеме на повеќе членови коишто ќе понудат некакви туториали или статии и дека сите заедно ќе го градиме tutorial.com.mk низ иднината.
Со почит,
тимот на Tutoriali.com.mk
За сајтот
Случаен избор
Најново од блогот
Статистика
Членови : 347Содржина : 327
Веб врски : 6
Гледања на содржината : 691913









